Коцевски за брзите законски изменувања и најава за независен механизам за пријавување на влијанија

За овие, но и други прашања, вечерва во Топ Тема интервју со државниот обвинител Љупчо Коцевски.

„Во однос на измените на КЗ, во однос на кривичното дел 353, начинот на кој се донесе сите го знаеме.

Тоа беше многу брзо, не беше консултирана ни правната фела, ни јавното обвинителство. Прв пат можеби, досега, јас колку што паметам, начинот на кој се донесе законот со таква брзина, односно измените конкретно на член 353 со толкава брзина е нешто што се случи многу брзо. Кога се определува видот и висината на казната, секогаш законодавецот треба да има во предвид одредени параметри“, изјави Коцевски.

Коцевски најавува фомирање на независен механизам за пријавување на евентуалните влијанија и притисоци.

„Сакам, доколку дозволува законот, тоа сега го проучуваме со колегите, да воспоставиме независен механизам за заштитно пријавување преку кој јавните обвинители ќе можат на безбеден начин да ги пријавуваат евентуалните влијанија и притисоци со кои се соочуваат. Тоа значи дека секој јавен обвинител или судија, доколку има одредени притисоци од власта, поединци, функционери, ќе може тоа да го пријави во одделението. Тоа одделение се уште не е формирано, ги разгледуваме можностите во законот за јавно обвинителство дали е возможно да се формира. Тоа одделение може да го води и државниот јавен обвинител или обвинител што ќе го овласти државниот јавен обвинител“, додаде Коцевски.

Во однос на документацијата на поранешното СЈО и објектот каде што беше сместено Коцевски рече дека ставил потпис за раскинување на договорот за закуп на зградата. Просторот изминатиов период го користеле само двајца обвинители кои беа дел од СЈО. Тој додаде дека сите материјали за случаите кои ги работело СЈО се префрлени во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

Префрлени се и материјалите од прислушуваните разговори кои беа поводот за формирањето на тогашното СЈО. Тие се чуваат под посебни услови.

Државниот обвинител Љупчо Коцевски во првото телевизско интервју, во ТОП Тема на Телма наведе дека во обвинителската кариера истражувал многу злосторства, но како убиството на Вања Ѓорчевска нема видено.

„Во моето долгогодишно искуство, може да кажам дека сум имал 50/60 случа вакви, за ќал, меѓутоа тука се работи за специфично грозоморно убиство, рече Коцевски кој потенцираше дека нема такво искуство.

Коцевски во интервјуто наведе дека очекува скора екстрадиција на Палчевски и оцени дека има многу докази во истрагата за тоа како што вели грозоморно злосторство. Со истрагата се опфатени 5 лица кои се осомничени.

„Обезбедени се доказите, имаше и обдукција, сето тоа оди во корист на фактичката состојба што обвинителството ја утврдува, чекаме екстрадиција во однос на лицето што го спомнавте, Палчо, и јас мислам дека ќе биде брзо екстрадиран од Република Турција. Нашата работа е завршена, останува само екстрадицијата“, изјави државниот обвинител Коцевски во Топ Тема на Телма.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*