Техничкиот премиер Џафери го пофали Планот за раст за Западен Балкан

Техничкиот премиер Џафери се обрати на Конференцијата на високо ниво, посветена на Планот за раст за Западен Балкан, која е продолжение на разговорите започнати во Скопје минатиот месец.

Џафери зборуваше во рамки на Панелот „Вовед во единствениот пазар“, при што ја нагласи важноста на Заедничкиот регионален пазар како можност до придобивките на внатрешниот пазар на ЕУ, за граѓаните, уште во текот на пристапниот процес.

Посочи дека Владата силно го поддржува Планот за раст за Западен Балкан и дека тоа е најамбициозниот механизам предложен од Европската комисија од почетокот на нашиот евроинтеграциски процес, кој потенцијално ќе го промени регионот и ќе го забрза придвижувањето кон Европската Унија.

Планот за раст, како што истакна Џафери, означува сериозен стимул за поголема економска интеграција во рамките на Западен Балкан со што се создаваат не само подобри можности за работни места, туку и зголемување на растот на БДП низ регионот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*