Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по влажни коловози.
Намалена видливост поради магла има од 50 до 100 метри на планинскиот премин Ѓавато.
Сите патни правци во државата се проодни.
На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ се постојано на терен со 172 специјални возила за одржување на патишта и ги одржуваат сите патни правци проодни.