Собранието даде зелено светло за намалување на коефициентите на функционерските плати. Собранието ги изгласа законските измени на 6 закони за намалување на коефициентите за пресметка на функционерските плати.
Откако вчера беше изгласана потребата од нивно донесување по скратена постапка, експресно брзо ги поминаа комисиските филтри, а денеска и официјално беа изгласани од пратениците.
Изменети се 6 закони: Законот за плата и другите надоместоци на избрани и именувани лица, Законот за пратениците, Законот за платите на членовите на Советот на јавни обвинители Закон за платите на судиите Закон за платите на јавните обвинители и Закон за платите на членовите на судскиот совет.
Предлогот го поднесе пратеничката група на СДСМ од каде рекоа дека со измените, платите на функционерите нема да пораснат со порастот на просечната плата.