Нови пасоши на пат: Поради изборите, нема рефундација за лични карти и возачки

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев од Тетово најави дека вечерва или утре изутрина ќе пристигнат нови 85 илјади обрасци за пасоши. Според Бојамацалиев системот за издавање патни исправи функционира нормално.

Бојамацалиев рече дека со старите пасоши нема да може да се патува бидејќи нема да им се дозволи на граѓаните да ја напуштат државата.

“Со старите пасоши не може никаде да се патува бидејќи нема да остварите излез од државата. Бидејќи тие со законот кој е со сила на важење повеќе не се во функција, со старото име зборам. А со новите секаде може да се патува”, изјави Бојамацалиев.

Според него, нема право никој сега да рефундира пари дадени за лични карти и возачки дозволи поради тоа што се распишани изборите. Тоа, подвлече, ќе биде можно кога ќе има нова Влада.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*