Таткото на Леонид, Бранко Индов поднесе жалба на одлуката на првостепената комисија на ФЗО која го одби барањето за рехабилитација на неговиот син во Виена.
Од ФЗО минатата недела соопштија дека непотполното конзилијарно мислење на „Тоарилуц“ е причина што Првостепената комисија го одбила барањето на семејството на Леонид.
Оттаму најавија дека ќе почекаат дополнително образложение од „Тоарилуц“ за што конкретно треба да му се направи на пациентот, па ќе ја преиспитаат својата одлука.
Леонид кој лани се повреди на одмор во Грција дише со помош на респиратор и не може да ги движи екстремитетите. За неговото лекување во странство се потребни 140 илјади евра, кои неговото семејство ги собира преку донации.