Во петокот, привремениот премиер Талат Џафери беше во ненајавена посета на Секторот за внатрешни работи Тетово за да ја провери работата на канцелариите во кои се води процедура за издавање лични документи со новото уставно име.
Во видеото што го објавија медиумите кои ја покриваат неговата посета, тој рече дека на Секторот му недостасува организација кога станува збор за извршување на задачите на дневна основа. Како што додаде привремениот премиер, граѓаните мора да можат да поднесуваат барања и да добиваат документи на различни шалтери.
„Мора да се комуницира со граѓаните“, додаде Џафери.
На видеото се гледа како тој користи висок тон кога разговара со вработените во една од канцелариите и бара информации за нивното присуство. Видеото предизвика бројни реакции.
„Апелираме полициските службеници да не се експлоатираат за цели на предизборна кампања“, соопшти во саботата Полицискиот синдикат.
Преодниот министер за внатрешни работи Тошковски го повика Џафери јавно да се извини.