Актуелниот шеф на државата Пендаровски не е дефинитивен кандидат за претседател на Социјалдемократите. За неговата кандидатура сè уште не се изјасниле партиските тела – вели првиот човек на СДСМ.
Ковачевски најави дека деновиве, предлогот Пендаровски повторно да влезе во претседателската трка ќе се разгледува на извршен и централен одбор.
„Стево Пендаровски е сериозен кандидат, СДСМ разговара, но нема дефинитивен кандидат за претседател. Во однос на другите кандидати, можам на сите да им посакам успех, да посакам фер и демократска кампања“, кажа Ковачевски.
Кандидатот на ДУИ, Османи е единствениот албански функционер со отворен предмет во Специјалното јавно Обвинителство – велат од коалицијата на албанската опозиција „Вреди“.