Во меѓувреме тече собирањето на потписите на 11 кандидати пријавени за да влезат во претседателската трка. Според неофицијалните податоци на ДИК за вчерашниот ден, Бујар Османи од ДУИ веќе има собрано повеќе од половина од потребните 10.00 потписи, зад него Максим Димитриевски од ЗНАМ со над 3, 5 илјади потписи и професорката Внаковска од Левица со 2.700 потписи.
Она што е интеренсо е дека Арбен Таравари е подолу на листата со околу 250 потписи, но познавачите коментираат дека тоа може да е партиска стратегија.
Продолжуваат меѓусебните обвинувања за неприваилности во процесот. Од албанската опозиција објавуваат снимка на која наводно се гледа дека ДУИ потписите за Османи ги собира во партиските штабови.
Османи, според известувањето од ДИК, може да собира потписи само во подрачните единици на изборната комисија. Од ДУИ велат снимките не се од собирање на потписи, туку од граѓани што се зачленуваат во ДУИ.
СДСМ ветува 1,000 евра просечна плата.
,,Со СДСМ во новиот мандат следат уште поголеми плати за граѓаните. Просечна плата од над 1.000 евра, додека пак минималната ќе биде 600 евра. Со правилните политики на СДСМ ова е достижно и остварливо. СДСМ ветува и оставрува и тоа веќе се докажа со рекордно покачување на просечната плата која е 40.000 денари. СДСМ својот манадат го започна со ветување за зголемување на просечната плата од 500 евра, но не само што го оставривеме ветувањето, туку го надминавме на 650 евра а платите и понатаму ќе растат.’’
А Мицкоски со обвинувања за криминал.
“Веќе има 150 милиони евра тендери кои треба да бидат завршени пред изборите за кои постои сомнение дека се исплаќаат авансни провизии во вредност од 20% и постои основано сомнение и информации кои стигаат дека првите 10% ќе се исплатата сега, а вторите мај-јуни кога оваа влада на СДС и ДУИ ќе замине, за да се подготват убаво со куферите и мислат на тој начин ќе се спасат и ќе заминат и мислат дека никој нема да сноси одговорност”, нагласи Мицкоски.
Мицкоски им порача дека за точно 38 дена започнува кампања за претседателски, за 52 кампањата за парламентарни, а за отприлика помалку од 4 месеци е новата влада на ВМРО-ДПМНЕ и дека директорчиња кои одлучија да им слугуваат на малкумина политичарчиња кои сега се дел од раководството на СДС, дека ќе одговараат од прв до последен за ова што го прават.