Џафери ја обвинува опозицијата за ширење на лажни вести за дипломатските пасоши

Техничкиот премиер Талат Џафери сепак е убеден дека никој не поминува граница со стар дипломатски пасош. Пратениците на опозицијата кои се снимаа на граница ги обивни дека шират лажни вести.

Повика секој функционер кој искористил дипломатски пасош да биде разрешен, иако веројатно и самиот знае дека во моментов нема начин да се разреши пратеник. Повика да не се прави политика од проблемот во кој сме ставени со издавање на пасошите.

Од друга страна, Џафери ги обвини министерот и неговиот заменик за политичка трка со пасошите.

„Во однос на информациите што ги даваат надлежните институции, а особено министерот и дополнителниот заменик-министер во МВР, јасно е дека ниту едните, ниту другите не даваат точни информации. Факт е дека има доцнење во набавката на обрасците поради фактот што компанијата што ги обработува е со седиште во Минхен, Германија, а надлежност на Министерството за внатрешни работи е да ја следи динамиката што ја има договорено со оној што ја доби јавната набавка“, рече Џафери.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*