Судскиот процес за предметот „Моќник“, во кој беше обвинет и пратеникот Антонио Милошоски, се затвори поради застареност на кривичното гонење

И предметот „Моќник“ доби печат застарено. Денеска запре овој судски процес кој почна во 2020-та година откако застаре гонењето и за пратеникот Антонио Милошоски неговиот татко и екс градоначалникот на Македонски Брод, Милосим Војнески.

Според соопштението од Кривичен, обвинителот на денешното рочиште направил прецизирање на обвинителниот акт и ги преквалификувал делата „измама“ и „злоупотреба“ во ставови со поблаги казни, со што се намалуваат и границите на застарување „Согласно направените измени од јавниот обвинител, и тоа во фаза на завршни зборови, судот по сила на Законот, односно член 402, точка 6 од ЗКП, донесе пресуда со која обвинителниот предлог се одбива заради настаната апсолутна застареност на кривичното гонење (согласно членот 107, став 1, точка 4, во врска со член 108, став 6 од КЗ).

Трошоците на постапката паѓаат на товар на буџетот на РСМ“, информираат од Кривичен. Од обвинителството за Телма велат дека без прислушкуваните разговори не можеле да го докажат првичното обвинение, но дека и измените на КЗ придонеле кон застарувањето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*