Претседателот Пендаровски ќе го објави вториот мандат следната недела

Претседателот Стево Пендаровски следната недела официјално ќе ја информира јавноста за кандидатурата за втор мандат.

„Станува збор за информации за одлуки кои не се официјално донесени. Претседателот ќе ја информира јавноста следната недела“, велат во четвртокот за Канал 5 од неговиот Кабинет.

Кога станува збор за Гордана Силјановска Давкова, која официјално ќе биде потврдена како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ на 2 март, таа рече дека е време за „женска димензија во политиката“.

Таа, како што истакна, нема да се однесува како „монарх“, туку граѓаните ќе ги третира како луѓе, поединци, припадници на различни заедници.

Според Силјановска Давкова, доколку победи во претседателската трка, нејзините кандидати ќе бидат најдобри во Судскиот совет и во Уставниот суд, а амбасадорите ќе се регрутираат врз основа на компетентност и професионалност.

Кога станува збор за ЗНАМ, претседателски кандидат ќе биде нејзиниот лидер, кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*