ВМРО-ДПМНЕ изразува страв од можен бојкот на вториот круг на изборите од страна на ДУИ

За избор на Претседател во Собранието кај најголемите партии во земјава нема расположение. Висок функционер во СДСМ за Сител вели дека денешното барање на Ахмети е обичен популизам ставен во функција на изборите кои доаѓаат.

Додаваат дека за тоа е потребен општествен консензус кој во моментов го нема, а и мали се изгледите дека би можел да се изгради во некој пократок рок.

Во ВМРО-ДПМНЕ стравуваат дека денешните ставови на Ахмети се суптилен вовед во можноста да го бојкотираат вториот круг на изборите свесни дека полека но сигурно ја губат улогата на важен фактор на македонската политичка сцена.

Додаваат дека тоа треба да биде мотив плус за граѓаните да излезат на гласање за да се исполни потребниот цензус од 40% и да си ја зачуваат можноста директно да одлучуваат за оваа функција. ДУИ бара Претседателот да се избира во Собранието пред сите Претседателски избори.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*