Се комплетира гласачкото ливче за избор на претседател на државата.. Двете најголеми партии ги открија претседателските кандидати.
ВМРО-ДПМНЕ настапува со Гордана Силјановска Дафкова, СДСМ бара втор мандат за Стево Пендаровски. Од опозициската партија велат дека Дафкова била единствената која се пријавила на повикот за кандидат за претседател на државата.
„На јавниот повик за избор на кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на Република Македонија, се пријави проф. Д-р Гордана Силјановска Дафкова која поднесе план, програма за работа и потребен број на потписи на делегати“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Социјалдемократите во претседателската трка влегуваат со актуелниот шеф на државата. Раководството на СДСМ одлучило дека Стево Пендаровски е нивниот победнички кандидат.
За одлуката наскоро ќе се разговарало во партиските тела, а биле планирани средби и со коалициските партнери. Официјалната промоција на Пендаровски како претседателсаки кандидат партијата ја најавува за 3 март. Ден претходно, ВМРО-ДПМНЕ на конвенција ќе одлучува за кандидатурата на Силјановска – Дафкова.