Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, контра ставот на министерот за внатрешни. Тврди дека Европската комисија не носи такви одлуки. Mинистерот Тошковски најверојатно погрешно разбрал некој од документите, реагира Османи.
„Тоа е лошо интерпретирање. Ставот на европската комисија е дека комисијата не носи одлука којашто важи за целата европска унија. Ова е суверено прашање на секоја од државите. Државите имаат практичен став. Секоја од државите носи одлука за себе“, изјави министерот за надворешни работи, Бујар Османи.
Секоја земја посебно ќе одлучува, во склад со својата регулатива. Досега, официјално се изјасниле само две држави. Едната од централна Европа, а друга од регионот. Османи денес разговарал со амбасадорката на Република Грција.
Очекувањата од јужниот сосед се дека државите ќе бидат трпеливи со старите пасоши, во еден мал период од 20 до 30 дена. Министерот Османи побарал поголема флексибилност.
„Повеќето од државите дозволуваат движење и со старите пасоши, доколку истиот е валиден. Ви ја кажав причината зошто јас не можам официјално да ги информирам. Информирав за швајцарија, бидејќи швајцарија нѐ информираше официјално со нота. Една држава во нашиот регион нѐ извести дека не ги признава документите со старото име. И тоа, ниту личните карти, ниту пасошите. Босна и Херцеговина не информира дека не ги признава“, додава министерот Османи.