ВМРО-ДПМНЕ поднесува предлог-измени за патните исправи во законодавниот дом

Во законодавниот дом веќе десетина дена поднесени предлог-измените за патните исправи од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата велат дека сè уште биле во фаза на преведување.

Апелираат час поскоро да се најдат на седница и владејачкото мнозинство да даде поддршка, со што, според опозицијата би се надминал хаосот, а македонските граѓани пасошите со новото уставно име да ги добијат до крајот на годината.

Според социјалдемократите, предлог-измените за патните исправи е само замајување на јавноста. Појаснуваат дека за промена на пасошите обврските произлегуваат од Преспанскиот договор, кој, како што велат е веќе ратификуван и не можел да се менува со закон.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*