Агелер смета дека предстојните избори во Македонија се многу важни

Во ексклузивно интервју за Канал 5, американската амб. Агелер истакна дека претстојните избори се многу важни за Македонија, бидејќи државата се соочува со комплексни проблеми… Американската амбасадорка Ангела Агелер дополни дека:

„…Но, многу важно е најпрво, гласачите дали во Македонија да се едуцираат, да бидат свесни за тоа кои се различните гледишта на политичките партии, да размислат за нив, да бидат свесни за дезинформациите и лажните вести, а потоа да го погледнат изборот кој е пред нив и да побараат од кандидатите визија за иднината на оваа држава. Бидејќи јас навистина верувам дека Македонија е во клучен момент и дека изборите кои доаѓаат, активностите, напредокот за реформите кој ќе се одвива во следната година или неколку години ќе биде клучно за иднината на оваа земја.“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*