Ковачевски ги обвини медиумите за ставање во функција на политичка партија и закани: ‘Да квицкаат како Андреј Петров

Скандалозна изјава на лидерот на СДСМ и доскорашен премиер Димитар Ковачевски кој во вчерашниот говор по повод отворањето на нов штаб во Кисела Вода ги обвини медумите и националните телевизии дека се ставаат во функција на една политичка партија.

Според Ковачевски тоа потсетувало на како што го нарекува режимот од 2006 година и тврди дека медиумите биле контрорлирани и сами се продавале.

„Од тука ќе им порачам џабе фатиле страна, пак ќе квицкаат по некои подруми кога ќе ги стегнат како Андреј Петров кога ги вадеше од А1 телевизија тие кои сега пак се ставија во служба на тие кои ги напикаа по подруми ов 2010 година, 2011 година. Е тоа ви е, кога медиумите ќе се стават во функција на една политичка партија. После ќе се освестат, ама касно е. Ќе трчаат во СДСМ да им ја врати демократијата, а они самите се продале, они уште сега се продаваат, пошто бит – коин велат се купува кога е најевтин. И морав ова да го кажам, па утре ќе се јави ЗНМ да се извиниме и ќе се извиниме“, рече Ковачевски.

Од СДСМ не одговорија на прашањето на Канал 5 дали ваквите изјави на партискиот лидер претставуват директна закана кон медиумите. Од ВМРО-ДПМНЕ најостро ги осудија, дефинирајќи ги како цензура и незапаметен атак врз слободата на медиумите. Ја повикаа Делегацијата на ЕУ, меѓународните организации и претставници на меѓународната заедница да реагираат на ваквиот чин.

„Изразуваме најостра осуда и згрозеност од изјавите на Ковачевски за медиумите кои комплетно можат да се дефинираат како изјави за цензура и закани за сите медиуми во Македонија. Кога Ковачевски им упатува порака на медиумите дека повторно ќе квицкаат по подруми е незапаметен атак врз слободата на медиумите. Неговите закани се со цел да се заплашат новинарите и да влијае на нивното известување“, истакна Миле Лефков.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*