Опозициската ВМРО-ДПМНЕ открива кој од пријавените за прием во Академијата треба да стане судија или обвинител.
На денешната собраниската комисија која треба да дозволи писмено наместо електронско полагање на приемниот испит, пратеникот Милошоски вели дека на списокот за идни судии и обвинители се актуелни заменици министри, членови на Државната изборна комисија, членови на Алијанса за албанците.
Тој вели дека власта составила список на луѓе кои треба да освојат 100 поени. Полагањето на хартија е предлог на министерството за правда.
Според Лога, измените не се мешање во работата на Академијата. Тврди дека не постои никаква листа, ја повика опозициската партија како во времето на комунизмот да направи список на луѓе кои не смеат да конкурираат за академијата.
За пратениците од СДСМ, тврдењата на опозициската партија биле обид за политизација на изборот на кандидати за судии и обвинители. Речиси три месеци е блокиран процесот на полагање во академијата за судии и јавни обвинители откако владата не набави нов софтвер за полагање на испитите.