Суспензија за телохранителот на претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој во саботата вечерта нападнал полицаец пред кафе бар во центарот на Скопје кој во моментот извршувал работни задачи.
Министерот за внатрешни Панче Ташковски вели дека постапката во Одделот за внатрешна контрола е завршена, но и тврдеше дека телохранителот го извршил нападот откако припадниците на МВР ја завршиле полициската акција, за разлика од вчерашните информации во јавност дека телохранителот на Мицковски, го спречил да влезе, првин вербално напаѓајќи го полицаецот, а потоа и физички, со туркање и боксови во пределот на главата, иако бил предупреден дека извршуваат службени дејствија.
Тоа лице ќе биде суспендирано од работа се до донесување на правосилна пресуда која ќе биде донесена во рамки на постапка по наредба на јавен обвинител, а МВР се надевам во текот на денот ќе поднесе кривична пријава за напад врз службено лице.
Лицето кое сторило напад на службено лице, кое е факт, влегло во акција откако акцијата на службените лица во предметниот објект била завршена. од СДСМ и ВМРО ДПМНЕ и денеска продолжија со меѓусебни препукувања околу инцидентот. За тоа што точно се случило се чека одговор и од обвинителството кое ќе постапува по кривичната пријава што ја најави министерот Тошковски.