“Ковачевски оптимист за поддршка на претседателскиот кандидат, но без консензус со ДУИ

Лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски е оптимист дека нивниот претседателски кандидат ќе добие поддршка од коалиционите партнери во Владата, но без прецизен одговор дали и дефинитивно пропадна планот за консензуален кандидат со ДУИ.

Кој ќе биде предлогот на СДСМ рече дека ќе се знае на крајот од месецот, но вели дека профилот на потенцијалниот претседател начелно е познат, особено ќе се залагал за европските вредности.

Во меѓувреме и во ВМРО-ДПМНЕ се прават последните филтри за избирање на кандидат за претседател. Во среда го затвораат нивниот јавен повик за кандидирање, а следниот викенд ќе го бираат на конвенција на која ќе гласаат околу 500 делегати.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*