ВМРО-ДПМНЕ ќе победи убедливо и секако, да ВМРО-ДПМНЕ ќе ја предводи во годините коишто следат идната македонска влада“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервјуто дадено за весникот „Коха“.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски на прашањето дали мисли дека е можно да се најде партнер кај албанските партии за формирање на Влада со оглед на ставовите на ВМРО-ДПМНЕ по однос на промената на Уставот, одговори дека ВМРО-ДПМНЕ има широка лепеза на потенцијал за коалиција.
Но, вистинското прашање е дали останатите имаат потенцијал за коалицирање со најголемата политичка партија во Македонија, а тоа е ВМРО-ДПМНЕ.