Мицкоски предвидува промени: Таравари ќе ги испровоцира ДУИ и обрни јавниот фокус

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во „Click Plus“ на ТВ21 порача дека со претседателската кандидатура на лидерот на Алијанса за Албанците и актуелен градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари ќе биде испровоцирана ДУИ. Според него, и тие ќе мора да предложат кандидат.

“Мислам дека е добро и здраво за демократијата во Македонија да има повеќе претседателски кандидати затоа што граѓаните ќе имаат повеќе можност. Ценам дека со кандидатурата на Арбен Таравари, ќе биде испровоцирана ДУИ па и тие ќе мора да профилираат претседателски кандидат што е добро“, порача Мицкоски.

Мицкоски посочи дека седењето дома на овие избори е поддршка за ДУИ и СДСМ и токму поради тоа важно е масовно да се излезе на гласање

ВМРО-ДПМНЕ ќе коалицира со Меџити, Касами, Гаши и Таравари. Ова го кажа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва во ТВ21 во емисијата „Клик Плус“.

„Нашиот партнер е посакуван е консолидираната албанска опозиција, блокот кој го предводат четирите лидери на политички партии, тоа се Меџити, Касами, Гаши и Таравари, и ние би сакале со нив да соработуваме“, изјави Мицкоски.

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 кажа дека нема да биде изненаден ако на престојните избори биде поразена ДУИ.

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во „Клик Плус“ на ТВ21 ги кажа прогнозите за престојните парламентарни избори.

„Секој кој учествувал на ваков тип споени избори, парламентарни и претседателски, тогаш знае колкав е предизвикот, и каков е тој процес и еден од друг причинско последично е поврзан. Очекувам добар, одличен резултат во првиот круг, кој би создал еден бран и потоа во вториот круг не би изненадел ако му донесе на ВМРО-ДПМНЕ број на пратеници кои ќе бидат мнозинство. ВМРО-ДПМНЕ меѓу 53-54 пратеници, СДСМ меѓу 26-28, меѓу 10-12 делат политичката партија Левица и ЗНАМ, и останатите плус минус два пратеника кои ќе ги освојат албанските политички субјекти“, рече Мицкоски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*