Љупчо Коцевски избран за нов јавен обвинител со 62 гласа: Критики и предупредувања од опозицијата

Пратениците со 62 гласа „за“ го изгласаа новиот јавен обвинител Љупчо Коцевски, предлогот на владејачкото мнозинство.

Откако му истече мандатот на Љубомир Јовески, на негово место како вршител на должност беше поставена Соња Симовска, која ја извршуваше функцијата од 26-ти декември лани.

Од ВМРО-ДПМНЕ за време на дискусијата предупредија дека е скандал да се бира републички обвинител на 84 дена до избори и еден ден до распишување на изборите. Според СДСМ, сите овие години владејачката коалиција работела во интерес на граѓаните.

Пратеничката Лазаревска вели дека треба да се бориме со корупцијата и криминалот, и не застануваат. Љупчо Коцевски во адвокатура бил 16 години, а во 2008-та година бил избран за виш јавен обвинител во Гостивар. Пред повеќе од две години е унапреден и станува еден од десеттемина обвинители во републичкото обвинителство.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*