Таравари: Промената започна – Најавува средби со лидерите на албанската опозиција

Главната порака од вечерашната средба е дека промените во албанскиот блок мора да дојдат по 24 години.

Промената ќе се случи и никој не може да ја запре таа промена, порача вечерва од Гостивар претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, на партискиот собир под мотото „Промената започна“.

Прашан дали официјално ќе влезе во коалиција со албанскиот опозициски блок, вели дека оваа недела ќе се сретне со лидерите на албанската опозиција.

“Сè уште немаме платформа со опозициските партии. Оваа недела јас сакам да го слушнам и народот во неколку градови. Затоа бевме и во Куманово. Кај луѓето има позитивна енергија. Следната недела може ќе се сретнам со претседателите од албанските опозициски партии, да седнеме да разговараме и да одлучиме кога би направиле официјална коалиција со некоја платформа”, рече Таравари.

Прашан дали ќе формира партија, вели „ако некој смета дека Алијанса за Албанците е нечија сопственост и дека ја донел од дома, ќе му ја однесеме дома и ќе му ја вратиме“.

Но партијата е на гласачите, на членството, на луѓето што ја поддржуваат – истакна Таравари. Тој пред започнувањето на собирот, објави статус на Фејсбук во кој наведува дека Судот ќе одлучи кој ќе ја води Алијанса на Албанците.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*