Разрешени двајцата министри од Алијансата за албанци – Меџити и Алиу

По целодневна расправа во Собранието, парламентарното мнозинство со 62 гласа „за“ пред полноќ изгласа разрешување на двајцата министри од Алијансата за албанците, Фатмир Меџити за здравство и Азир Алиу за информатичко општество и администрација. Опозицијата не учествуваше во гласањето.

Долга и мачна собраниска седница за разрешување на министрите за здравство Фатмир Меџити и за Информатичко општество Азир Алиу.

Премиерот Џафери рече дека не станува збор за смени од професионални причини, туку законска обврска којашто произлегува од Пржинскиот договор, бидејќи откако Таравари рекол дека ќе оди во опозицијата, во Владата не може да има два опозициски субјекта.

Министерот Меџити, кој стана препознатлив по реченицата „покажав како се работи“, вели дека на сметка на личните интереси на ДУИ, ќе трпат пациентите. Крилото на Таравари не доби одговор на прашањето -зошто не се разрешени и министерот Лога и двајцата заменици-министри од Алијанса.

Бурни реакции од пратениците за смената и за тоа на кому таа му оди во прилог. Џафери на местата на Меџити и на Алиу ги предложи Илир Демири и Наим Бајрами.

Гласањето за нив е во понеделник.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*