Разрешените министри од Таравари го обвинија Груби за закани

Денот заврши, а новиот почна со тврдење на екс премиерот Ковачевски.

По добиените 62 гласа и мнозинство на работ, тој од партиското седиште оцени дека Европскиот фронт постои, постојат партии кои се залагаат за евро-интеграциите. Едниот разрешен министер доби висока оценка од него како премиер, другиот квалификации блиски до навреда.

“Со министерот Азир Алиу имавме одлична соработка, се работи за врвен професионалец во својата област. Само ако отидете на Google Scholar (интернет пребарувач за научни трудови) и ги видите неговите научни трудови како професор што ги правел ќе видите дека се работи за исклучително квалитетен академски и професорски кадар”, рече Ковачевски.

“Има уште еден кадар, министер за здравство којшто имаше малку поинаков начин на функционирање. Тој повеќе делуваше како „подизведувач“ на г-динот Таравари меѓутоа сигурно има и свои предности. И како доктор и како менаџер во Министерството за здравство. Меѓутоа влечеше одредени потези кои кадровски кои никој не ги одобруваше, дури ни тој не се слагаше. Например разрешувањето на д-р. Милена Стевановиќ (директорка на Инфективната клиника) со изговор дека не знаела англиски јазик, а таа студирала на Кембриџ”, го оцени Меџити доскорешниот премиер Ковачевски.

Двајцата разрешени од таборот на Таравари преку Фејсбук го обвинија Груби дека во состојба на вознемиреност им упатува закани и заканувачки му порачаа дека со започнатите промени ќе има затвори за одговорните.

“Oткако ја разреши АА од Владата, ни порачува „спијте мирно“ дека Али Ахмети ќе се погрижи за се… Артан…престани со заканите, одмори неколку дена ако ти помогне тоа и не ја разгорувај ситуацијата. Знаеме дека ти е крајот, но барем покажи дека си маж на крајот! И…отворете го календарот…видете 8 мај! Затвори…многу, многу блиску! ПРОМЕНАТА ПОЧНА!”, напишаа двајцата разрешени министри во статус на Фб.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*