Премиерот Курти: Закани за атентат добив од структури поврзани со Белград

Косовската РТК објави дека премиерот Албин Курти при престојот во Скопје бил спроведен под строги безбедносни мерки бидејќи имало информации за обид за атентат врз него.

Курти потврди дека имало закани кон него за време на неговиот престој во Скопје кои доаѓале од поединци и структури кои, како што рече, имаат корени од официјален Белград. Сепак Курти изјави дека не се чуствувал загрозен. МВР целосно ги демантираше пласираните информации.

„Ве информираме дека при посетата на премиерот Албин Курти, на Скопје, немало обид за атентат врз него. Посетата на премиерот Курти беше организирана според однапред одредени правила и безбедносни проценки “, соопштија од МВР.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*