Ковачевски: Европскиот фронт постои и не зависи од Таравари

Европскиот фронт за кој се залагаме постои и тоа се гледа на дело. Не можеме европската интеграција на државата да ја ограничиме на тоа дали Арбен Таравари поминал од власт во опозиција, вели лидерот на СДСМ Ковачевски.

Коментирајќи ги последните случувања во Алијанса за Албанците додаде дека Таравари не е клучен играч за иднината на државата и дека прави свои политички калкулации.

Нека го информира некој од СДС Ковачевски дека Македонија сè уште нема почнато преговори со Европската унија, а за тоа е виновен токму тој и владата на СДС и ДУИ, кои изминатите 7 години водат попустлива и понижувачка меѓународната политика, реагираа од ВМРО-ДПМНЕ.

„Со СДС и ДУИ во Македонија никогаш не било полошо“ Претседателот на германските социјалдемократи со отворена поддршка за македонските евроинтеграции.

Ларс Клингбилд е првиот лидер на партијата кој доаѓа во официјална посета на Македонија. Смета дека Западен Балкан треба да биде дел од Европската Унија, како потреба за одржување на нејзината стабилност и напредокот и на самата Европска Унија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*