Собранието ги избра Илир Демири за министер за здравство и Наим Бајрами министер за информатичко општество и администрација. Тие положија заклетва и станаа дел од техничката влада која има за обврска да ги потготви изборите.
Кој ги лажел повеќе граѓаните, кој направил поголемо добро за нив, а кој лошо за граѓаните, обвинувања за менување на личните документи и изборниот процес. Сите теми се отворија при изборот на новите министри во техничката влада на Талат Џафери.
Тој кус во образлагањето, за Илир Демири рече дека неговите дела зборуваат во здравството, додека за Наим Бајрами рече дека е млад човек кој има што да покаже во Министерството за информатичко општество.
Ова е влада на апсурдот, обвинува опозицијата, бидејќи министри се разрешуваат и се именуваат нови по предлог на партиска комисија, а партијата е со внатрешни проблеми. Вие ги лажевте граѓаните дека проблемот со личните документи ќе го решите, реплицираа од власта.
Изборот на новите министри дојде по барање на крилото на Зијадин Села од Алијанса за Албанците, бидејќи претходните двајца министри во владата на Џафери дадоа поддршка на Арбен Таравари.