Џафери предложи смена на Меџити и Алиу – бара Собранието да ги разреши министрите

Техничкиот премиер Талат Џафери го достави до Собранието предлогот за разрешување на Фатмир Меџити, од функцијата министер за здравство и Азир Алиу, министер за информатичко општество и администрација.

Во дописот до спикерот Митревски бара министрите од крилото на Таравари да бидат разрешени на првата наредна седница.

„Премиерот Џафери достави и допис до собранискиот претседател Митрески согласно горенаведениот член од Уставот, Собранието на Република Северна Македонија да ги избере Илир Демири за министер кој ќе раководи со Министерството за здравство и Наим Бајрами за министер кој ќе раководи со Министерството за информатичко општество и администрација”, соопштуваат од Владата.

Барањето за смена на двајцата министри доаѓа откако тие му дадоа поддршка на лидерот на Алијанса за Албанците, Таравари, кој инсистира партијата да оди на избори во коалиција со Европскиот сојуз за промени. Алиу и Меџити не поднесуваат оставки.

Лидерот на социјал-демократите Ковачевски по воздржаноста, сега поконкретен: во Собранието пратеничката група ќе гласа според тоа што ќе пристигне од Владата и како ќе се изјаснат пратениците од Алијанса. Од осумте пратеници, зад Таравари застанаа двајца.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ велат дека власта е лицемерна кога менува министри за кои до скоро тврдеше дека се најдобрите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*