Седуммина антикорупционери дадоа свечена изјава во Собранието.
Сега зборовите треба да ги операционализираат на терен. Новиот состав кој треба да стави крај на корупцијата, посочувана како рак – рана на општеството, ветува нови истраги и креирање на антикорупциски политики.
Штом се вселат во зградата, ќе скенираат што работеле претходниците за да може да продолжат. Императив ќе им биде заштита на општествениот интегритет, а според најавите на претседателката Димитровска, политички влијанија и притисоци нема трпат.
Антикорупциска се надева на интензивна соработка со обвинителството, медиумите и државните институции, за да може, како што вели Димитровска – нивните предмети да финишираат со судска одлука.
Свежиот оптимизам доаѓа во период кога и домашната, но и меѓународната јавност имаат големи очекувања за сузбивање на корупцијата, но истовремено и опомена дека проблемот треба итно да се реши.