Професорката Ана Павловска-Данева е избрана за Уставен судија со 65 гласа “за” и 26 “против”

Со 65 гласа „за” и 26 „против”, професорката Ана Павловска – Данева е избрана за Уставен судија.

Претседателот на Собранието Митрески посочи дека на професорката, сега уставна судијка, Павловска-Данева ѝ престануваат сите останати професионални активности. Два дена пратениците дискутираа за изборот на Данева.

За ВМРО-ДПМНЕ, таа само дополнително ќе го потврди партизирањето на Уставниот суд, дотолку повеќе што јавно се нема оградено од партиските функции.

За владејачкото мнозинство, Данева е најдобриот избор кој професионално ќе ја извршува функцијата. По гласањето Павловска – Данева даде свечена заклетва. Таа е деветтиот уставен судија, со што овој суд сега е комплетен. Мандатот на уставните судии е девет години.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*