Средба на Агелер и Бубевски: Поддршка за Независното Обвинителство и Владеењето на Правото

Американската амбасадорка во Скопје, Анџела Агелер денеска се сретна со шефот на скопското обвинитество Гаврил Бубевски.

“Jа изразив нашата поддршка за независно обвинителство, кое е клучно за унапредување на владеењето на правото и евро-атлантските интеграции на Северна Македонија. Граѓаните на Северна Македонија заслужуваат правда и непристрасно одлучување”, напиша Агелер на мрежата Икс.

Средбата на Агелер и Бубевски била во зградата на Обвинителството каде покрај скопското се и седиштата на Вишото и на Државното Јавно Обвинителство.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*