Спор Меѓу Министрите и Владата: Критики за Однесувањето на Артан Груби

Министрите за информатичко општество и администрација Азир Алиу и за здравство Фатмир Меџити, кадри на АА со остри критики кон Владата и однесувањето на Артан Груби на денешната седница.

Министерот Алиу наведе дека на денешната владина седница биле разрешени директорите на Агенцијата за странски инвестиции и на Пошта, без притоа да се почитува процедурата.

Меџити, пак наведе дека од Министерството за здравство било побарано усвојување на неколку предлози, кои веднаш биле отфрлени и тоа од Артан Груби. Велат дека станувало збор за политичка одмазда и дека деновиве имало голем притисок од структури на Алијанса да се разрешат директорите.

Нема да поднесеме оставка, ниту цениме дека партијата ќе бара наше разрешување, изјавија вечерва министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу и министерот за здравство, Фатмир Меџити.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*