Северна Македонија Формира Совет за Координација на Активности во НАТО

Формирањето на Советот за координација на активностите на Северна Македонија во НАТО, е директна потреба од нашето членство во Алијансата.

Имајќи ги предвид предизвиците за безбедноста и стабилноста со кои се соочуваме како дел од евроатлантската заедница овој совет ја зацврстува нашата отпорност и ќе помогне во нашиот координиран настап како институции кога е во прашање безбедноста во најширока смисла на работата на НАТО.

Ова го истакна техничкиот премиерот на Република Северна Македонија, Талат Џафери, во обраќањето на инаугуративната седница за формирање на Советот за НАТО активности. Тој се заблагодари на поддршката од Обединетото Кралство за формирањето на Советот од стртана на МНР и Владата, кој е вели фрагмент од севкупната поддршка која земјава ја добива од Лондон и со која се овозможува нашата забрзана евроатлантска интеграција.

Британскиот амбасадор Метју Лосон, обраќајќи се на првиот состанок  на Советот за НАТО, истакна дека оваа структура е важна за координација на работата помеѓу институциите и улогата на Северна Македонија како членка на Алијансата.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи истакна дека за неколку недели ќе одбележиме четири години од нашето членство, најголемиот, најважниот, првиот стратешки приоритет на државата, членство што, вели, доведе до гаранција за мир, стабилност, безбедност, меѓутоа и политичка и економска предвидливост.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*