Промени во Законот за Рестриктивни Мерки: Борба Против Корупција и Хибридни Закани

Владата на седницата во вторник ги потврди и ги испрати до Собранието измените на Законот за рестриктивни мерки со кои се прошируваат целите на Законот.

Во текстот се додава „борба против корупција, злоупотреба на службената должност и хибридни закани против државата“, се прошируваат основите со воведување на правните акти на САД и Обединетото Кралство, а инструментите се прошируваат со две привремени мерки – забрана за кандидирање и вршење јавна функција и учество во јавни набавки за правни лица.

Предлог-законот е во надлежност на Министерството за надворешни работи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*