Црвен картон од студентите за министерот Шаќири, за доцнењето на исплатите на стипендиите, ваучерите за превоз, лошиот студентски стандард. На протестот побараа промени и одговорност за начинот на кој работи институцијата.
Предложија календар по кој Министерството за образование треба да ги подмирува обврските кон нив. Иако поканети, не се сретнаа со Шаќири.
Финансиите, процедурите за изборот на техничката влада, административните пречки според министерот Шаќири се главни проблем поради кои доцни исплатата на мерките за студентите, но вели парите веќе се на сметките. Уверува дека е нивен партнер во борбата за подобар живот и очекува да продолжи добрата соработка со нив.
Од Владата пак информираа дека наредната недела ќе бидат исплатени стипендиите за новите корисници и дека се воведени нови категории кои изнесуваат 18.000 денари.
Дополнително стартува и проектот за реконструкција на сите студентски домови и финансиска помош преку антикризните мерки за ученици со ниски примања.
Студентскиот протест го поддржија УМС на ВМРО-ДПМНЕ.