Грковска за Гласот на Америка: Измените на Кривичниот законик беа голема грешка

Не може да се игнорира фактот и да не се преземе ништо за нашинците кои се на црната листа на САД, санкционирани за вмешаност во корупција и организиран криминал, вели вицепремиерката Грковска.

Таа од Вашингтон порача – уверена сум дека не може да биде неуставно доколку некој сака да дефинира постапка, уредена во закон, да може надлежните институции да постапуваат и да отворат предмети за лица кои се непосакувани во САД.

Во интервју за Гласот на Америка, Грковска рече дека очекува црната листа уште повеќе да се надополнува. Но, според неа, потребни се храбри луѓе на сите нивоа за справување со корупцијата.

Грковска смета дека е направена голема грешка со измените на Кривичниот законик. Вицепремиерката Грковска е иницијатор на Законот за рестриктивни мерки – со кој смета дека би се зголемила довербата во институциите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*