ДУИ, иако на терен се обидува да го скрои европскиот блок, барем во албанскиот политички табор, а ја обвинува ВМРО-ДПМНЕ за тоа дека ги кочи евроинтеграциите, за постизборно коалицирање со македонски партнер се уште се повикува на Рамковниот договор – победник со победник.
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски истакна дека принципот победник со победник не важи за ВМРО-ДПМНЕ, затоа што истиот е веќе нарушен од страна на ДУИ во 2016-та година, како и дека посакуван коалициски партнер се партиите од албанската опозиција.
Муцунски посочи дека и анкетите покажуваат дека партиите од албанскиот опозициски блок се доближуваат до ДУИ, а може и да го надминат.
Во СДСМ пак, се уште се надеваат на предизборна коалиција со сегашните владини партнери ДУИ и Алијанса во името на евроинтеграциите.
Поранешниот премиер и лидер на СДСМ не го загрижува екипирањето на лабнаските партии што го прави Курти.
„Ние сме демократска земја, нашата иднина сами си ја одредуваме а победникот на изборите ќе го одредат граѓаните со нивниот глас. Мнозинската волја на граѓаните никој ниту ја спречил, ниту може да ја спречи. Тоа го покажаа претходните парламентарни и претседателски избори и така ќе биде и овој пат“, вели Ковачевски во интервју за Локално.