Американската амбадорка во земјава Анџела Агелер вели дека најважно е на претстојните избори да биде донесена вистинската одлука за придвижување на државата напред кон Европската Унија.
За планот на опозицијата за евроинтегративниот пат на државата, Агелер вели дека тој треба да биде споделен со граѓаните. Прашана дали ќе побара од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ да го види тој план, Агелер вели дека таа со задоволство би го видела доколку тој сака тоа да го сподели.
“Но, мислам дека е далеку поважно за гласачите и народот на оваа земја да видат и слушнат за тој план и да ги слушнат деталите на секој план што би ги решил тековните проблеми со другите земји. Навистина се надевам дека гласачите во земјава бараат од сите кандидати многу јасно да разберат кои се нивните планови за иднината и како ќе ги спроведат”, вели Агелер во интервју за телевизија 24.