Клан Македонија има и фотографија од автомобилот на Таравари во гаражата на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.

Не се познати деталите од средбата на двајцата лидери, која доаѓа во време кога веќе се прават партиски позиционирањa околу годинешните избори.

Инаку, средбата Мицкоски-Таравари доаѓа по средбата на албанската опозиција заедно со лидерот на АA, со премиерот на Косово, Албин Курти и на денот на почетокот на работата на техничката Влада со премиер Талат Џафери“, се наведува во веста на Клан Македонија со фотографија од возилото на Таравари, наводно паркирано во гаражата на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.