Делегација на ОДИХР разговарала со македонските власти: Акцент на транспарентноста во предстојните избори

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заменик министерот Назим Буши и дополнителниот заменик министер Митко Бојмацалиев денеска оствариле работна средба со висока делегација на ОДИХР предводена од Кеара Касталдо, виш советник за изборни процеси во Канцеларијата на ОБСЕ, соопштија од МВР.

На средбата министерот Тошковски се заблагодарил за соработката и напорите кои ОДИХР во континуитет ги вложуваат во насока на транспарентно спроведување на секој изборен процес во државата.

На прашање на Касталдо за нивната улога во изборниот процес, министерот Тошковски изразил верување дека најважно е што Мисијата на ОДИХР повторно ќе ја одигра една од главните улоги и во овој изборен процес и транспарентно ќе ја претстави целокупната ситуација на терен во насока на спроведување на фер и демократски избори.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*