Без гласови од опозицијата: Изгласана нова судија на Уставниот суд во Северна Македонија

Без гласовите на опозицијата, пратениците во Комисијата за изборите и именувањата ја изгласаа Ана Павловска – Данева за кандидат нов судија на Уставниот суд.

Против беа пратениците на опозицијата кои веќе кажаа дека немаат забелешки за работата на професорката Данева, туку имаа проблем, со како што велат, за партизацијата на Уставниот суд. Тие ставови ги повторија и на денешната комисиска расправа.

Инаку, по година и пол расправа, СДСМ се предомисли и го повлече предлогот поранешниот јавен обвинител Љубомир Јовески да биде кандидат уставен судија.

Јовевска јавно негодуваше на ваквата одлука која ја нарече изненадувачка и вулгарна, а причината за тоа е што истата не биле наведени причините зошто се трга од трката за уставен судија. Уставниот суд подолго време функционира во некомплетен состав, а тоа беше и причина тој да работи со тешкотии.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*