Претседателот на Собранието Јован Митрески, ја одржа првата редовна понеделничка координација, по изборот на функцијата.
Како што соопштуваат од Собранието, покрај претставниците на пратеничките групи во Собранието, на координацијата присуствуваа и потпретседателите Горан Мисовски и Хусни Исмаили, генералната секретарка Цветанка Иванова и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, како претставник на Владата.
Присутни беа и заменик-координаторот на ПГ на СДСМ Диме Велковски, координаторот на ПГ на Алијанса на Албанците Аднан Незири и пратеникот на Левица, Борислав Крмов.
На средбата беа разгледани пристигнатите материјали во Собранието во изминатиот период, по што е закажана и првата нова седница, која ќе почне на 7-ми февруари. Како што беше заклучено, Собранието ќе продолжи со редовна динамика и во полн капацитет и во наредниот период, до почетокот на кампањата за изборите, така што за во деновите што претстојат ќе работат со пол интензитет и собраниските комисии.