Вработените во Фондот за здравство излегоа на протест барајќи заштита на своите плати

Вработените од Фонд за здравство денеска излегоа на мирен протест да го изразат својот страв од евентуално намалување на нивните плати.

Препораката била на владата а одлучува Управниот одбор на Фондот веќе по шести пат. Претседателот на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани, Трпе Деаноски порача дека Владата нема ингеренции да бара ништо од Фондот за здравство бидејќи е самостојна институција.

Доколку Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување  донесе одлука за намалување на платите на вработените за 21 процент, тие ќе стапат во штрајк, на шалтерите ќе работи само по едно лице кое ќе прима само документација и ќе нема исплати на капитацијата за матичните лекари, за лековите за аптеки, за плати во јавно здравство, како и за другите услуги.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*