Апелациониот суд Скопје поради измените на Кривичниот законик во делот на кривичното дело од член 353 од КЗ, ја укина првостепената пресуда за случајот „Талир 2“ и предметот го врати на повторно судење пред првостепениот суд.
За „Талир 2“ беа осудени поранешниот премиер во бегство Никола Груевски и поранешниот генерален секретар на Владата Кирил Божиновски, за изградбата на седиштето на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ во Скопје.
Груевски доби и нов 30-дневен протвор сметано од денот на неговото пронаоѓање и лишување од слобода.
Пресудата за „Талир 2“ Кривичниот суд ја донесе на 7 јуни 2022 година, според која Груевски и Божиновски ја искористиле службената положба и овластување и спротивно на законите за политичките партии и за финансирање, овозможиле склучување договор за градење помеѓу партијата и правното лице „АД Бетон“ и противправно прибавиле објект и имотна корист од преку 132 милиони денари.
Според првостепената пресуда Груевски доби шест години затвор, Божиновски условна, а судот донесе и одлука за конфискација на партиското седиште на ВМРО ДПМНЕ.