Донеле и однеле панели, столчиња, видеонадзор и бина. Понудиле најниска цена и чесно биле избрани.
Но, што направил со парите од тендерот за пренамена на салата „Борис Трајковски“ за самитот на ОБСЕ, антикорупционерите донесоа одлука финансиските институции да го проверат сопственикот на фирмата „Еуровија“ и еден од најчестите донатори на политичката партија ДУИ.
На маратонската седница, и последна за овој состав на ДКСК, антикорупционерите во обемната анализа за изборот на изведувач за изграда на автопатите од коридор 8 и 10д заради сокривање на анекси се сомневаат во корупција. Најспорен изборот на фирми за надзорот над „Бехтел&Енка“.
ДКСК денеска донесе и одлука да направи дополнување на иницијативата за кривично дело што ја достави во јули лани за случајот „Трансмет“. Како што рече членот Шемси Салаи, ДКСК се сомнева дека штетата за Буџетот од неуспешната конфискација на опремата на „Трансмет“ изнесува најмалку 26,5 милиони евра.
Имаат сомнежи, антикорупционерите и ќе го потковаат обвинителството за работата на ЕСМ и МЕПСО за време на енергетската криза дека не биле подготвени и да испитува одговорност против поранешни и одговорни лица во ЕСМ, за сомнежи за набавките на мазут за ТЕЦ Неготино и за продажбата на ноќните вишоци на струја со кој се оштетил буџетот во корист на приватни лица.