Таравари: Коалицијата со ДУИ – Конечна одлука следната недела

Лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, за потенцијалната коалиција со ДУИ, смета дека конечниот став ќе биде познат следната недела.

“Наскоро ќе го соопштиме напиот став, со оглед дека нé газат роковите. Верувам дека следната недела ќе има одлука. Ние имаме одлука на партиското претседателство која е актуелна, но партиското собрание може да донесе друга одлука. Пред четири месеци рековме дека сами ќе одиме на избори, но ќе ги видиме околностите, ги слушаме и препораките. Конечната одлука се носи во Собранието, која можеби ќе биде потврдена, а може и не. Јас ќе ја почитувам одлуката, како и секогаш досега”, рече Таравари.

Таравари потврди дека во петокот бил поканет на средба со американската амбасадорка Ангела Агелер. Сепак, тој рече дека не знае за кои теми ќе се разговара.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*