Претседателот на Собранието Талат Џафери во интервју за подкастот „Политиканти“ во средата во врска со холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп рече дека тој не треба да се меша во работата на Судскиот совет.
„Како работи Советот не е негова работа“, посочи тој, меѓу другото.
Амбасадорката на САД Ангела Агелер во четвртокот изјави дека не е запознаена со изјавата на Џафери. Сепак, таа додаде дека не би сакала да разговара за коментари во врска со други амбасадори.